(ВИДЕО) СДСМ: Владата им го скратува животот на граѓаните

Од:

Оваа Влада дозволува енормно повисоко загадување на воздухот, над максимално дозволените граници, со години. И покрај бројните апели и ризични последици, Владата не спроведе никаква заштита за здравјето на граѓаните, рече Пеце Мирчески, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање.

Владата е директно одговорна затоа што:

Во Македонија секоја година се регистрираат нови 4.500 заболени од рак, од кои најголемиот број се од Скопје и полошкиот регион;

За алармантниот пораст на малигни болести со смртни последици кај млади луѓе, последниов период во Битола;

За зголемувањето на респираторни и канцерогени заболувања во Прилеп;

Затоа што Институтот за белодробни заболувања Козле во Скопје е преплавен со деца, со тешки дишни проблеми.

Законот што предвидува еколошки стандарди за фирмите, е донесен пред 9 години, во 2005 година.

Неколку дена пред истекот на рокот, на барање на фирмите Макстил и Југохром, Владата попушти – ја одложи примената на законот и даде рок од дополнителни шест месеци за поставување на еколошките филтри. Но и тој рок истече. Деновиве Владата повторно најавува половични мерки.

Која е причината за ваквата политика, дали се тоа бизниси, уцени, или друго, Владата треба да објасни.

Укажуваме дека продолжувањето на роковите не е решение. Со секое пролонгирање на еколошките стандарди, Владата им го скратува животот на граѓаните.

Ако мислеше на граѓаните, Владата имаше доволно време да го реши проблемот со фирмите – загадувачи. Можеше да им понуди поволни кредити на компаниите за набавка на филтрите. Или, можеше да им помогне на фирмите да добијат пари од ЕУ фондовите наменети токму за еколошки производни процеси.

Во 9 годишното владеење оваа власт можеше да го воведе гасот како еколошки енергенс. Наместо тоа, во некои градови, граѓаните сеуште горат дрва за да се греат, затоа што таму нема ни топлификација.

Оваа Влада, мислеше дека ќе го реши проблемот, со тоа што ќе ги извади мерните станици и ќе го сокрие високото загадување.

СДСМ апелира да престане популизмот и институциите веднаш да почнат со примена на основните принципи за заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија