ВИДЕО: СДСМ вечерва одлучува за ставот за изборите

Од:

Почна централниот одбор на СДСМ на кој партијата треба да го изгради ставот за тоа далии под кои услови ќе учествува на локалните избори во март.

Меѓу условите, кои ги бара опозицијата освен што ќе бара предвремени пратенички избори заедно со редовните локални, таа ќе побара техничка Влада да ги организира истите избори.

Сето тоа треба да оди со прочистен избирачки список за да се спречи повторување на фалсификатите од 2009 и 2011, контрола на трошењето на државните пари со кои се финансираат владините мегафони.

Рамномерната распределба на буџетските пари кон медиумите, која беше доста познат предлог за време на минатите избори, ќе биде услов и на овие, но овој пат опозицијата тврди дека намера да отстапи воопшто.

Техничка Влада која ќе организира и предвремени парламентрани избории, заедно со локалните, измена на изборниот законик, прочистен избирачки список, контрола на трошењето на државните пари во време на кампања, како и рамномерна распределба на парите за реклами во медиумите, како и засилен меѓународен мониторинг.

Фер и демократски избори треба да гарантираат и повеќе илјади странски набљудувачи кои ќе ги следат изборите во секој детаљ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?