(ВИДЕО) СДСМ: Училиштата во долгови, учениците смрзнати, градоначалниците на власта молчат

Од:

„Алармантна е финансиската ситуација во основното и средното образование.

Училиштата во Карпош должат над 1 милион евра. Во Струга и Кичево нема пари за нафта и греење. Во селата во Велес родителите не ги пуштаат учениците на настава поради не хигиена. Во Битола имаше проблеми со превозот на ученици.

Учениците мрзнат во ладни училници, принудени се да одат пешки по неколку километри. Немаат основни услови за нормален образовен процес“, изјави на денешната прес-конференција Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа.

„Еве ги причините:

– Блок дотациите за општините се исти иако во меѓувреме цените на нафтата и струјата се зголемија неколку пати;

– Иако бројот на ученици во основните и средните училишта од 2007 до 2013 е намален за над 32 илјади, сепак бројот на наставници е зголемен за 3 илјади.

– Општините треба да исплаќаат отпремнини за пензија, за систематски прегледи на наставниците, дератизација, дезинфекција, за превоз на наставници до училиштата каде нема јавен транспорт.

Поради ова родителите на учениците се принудени да одвојуваат од семејните буџети за потреби во училиштата.

Градоначалниците и советниците од ВМРО ДМПНЕ и ДУИ за сите овие катастрофални состојби во образованието молчат. Во меѓувреме се трупаат долгови на училиштата, растат огромни камати, некаде се активирани и извршители. За сето ова цената ќе ја платат граѓаните на Република Македонија.

Затоа СДСМ бара веднаш:

– Да се зголеми износот на блок дотацијата за образование за 10%

– Блок дотациите за образование да бидат доволни за да ги покријат трошоците за непрекинато одржување на образовниот процес

– Да се обезбедат минимум технички услови и хигиена во основните училишта во селските средини

– Поголемите урбани општини, каде се концентрира наставата за средно образование, да добијат зголемен износ на блок дотацијата за соодветно организирање на превозот.

Со ова ќе се ублажат барем дел од последиците врз образовниот процес“, рече Дејан Павлески.

.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема