(ВИДЕО) СДСМ: Трет ден молк од страна на насилникот-пратеник од ДПМНЕ!

Од:

После насилниот и грозоморен чин од страна на насилникот-пратеник Васко Наумовски, кој претепа вработени во Центарот за социјални грижи во Битола, веќе трет ден молк од страна на неговата партија ВМРО ДПМНЕ и неговиот ментор Никола Груевски, вели Борче Корлевски – Портпарол на ОО СДСМ Битола.

Насилникот-пратеник, кој неуспешно се обиде да се претстави како жртва, го повикуваме да потврди или да демантира за следното:

– Дали на ден 21.12.2014 г. физички и психички ја малтретирал сопругата Н.Г. за што е пријавен во СВР Битола?

– Дали на ден 18.01.2015 г. упатил закана до сопругата и нејзината сестра дека ќе ги убие за што исто така е пријавен во Полициската станица Битола?

– Дали истиот ден 18.01.2015 г. од страна на службени лица на СВР Битола привремено му се одземени пиштол ZORAKI 917 T кал.9-мм, една рамка муниција и потврда за оружје?

– Дали на ден 25.01.2015 е пријавен во Полициска Станица Битола од страна на неговата сопруга дека ја малтретирал и упатувал закана дека ќе ја убие?

– Дали на ден 16.02.2015 г. го прекршил решението од ОС Битола за привремени мерки за заштита од семејно насилство за што е пријавен во СВР Битола од страна на неговата сопруга?

– Дали на ден 18.02.2015 г. е пријавен од лицето Ј.Н. родена 1950 година за физички напад односно удирање со клоци по телото?

Ги повикуваме надлежните од СВР Битола и ОЈО Битола да излезат со информации што тие досега презеле против насилникот-пратеник Наумовски за неговите испади.
Дали Наумовски сам ќе се откаже од пратеничкиот имунитет за да се спроведе транспарентна и непристрасна истрага за сите негови насилнички испади досега или тоа ќе го направат пратениците од владеачката ВМРО ДПМНЕ?

Дали се ова вредностите кои ги носат пратениците на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски?

Повторно, ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски најостро да го осудат насилниот чин на нивниот пратеник и веднаш да преземат соодветни чекори за санкционирање.

Доколку не реагираат, ќе сметаме дека стимулираат семејно насилство и насилство врз државни службеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО