(ВИДЕО) СДСМ: За патни трошоци на Бонева има, за ООН нема пари

Од:

Да мислеше Владата на Никола Груевски на државните интереси на Македонија, да беше навистина толку патриотски потресенa за каквa што се претставува, да си ги сака државата и својот народ – ќе и ја нанесеа ли оваа брука на Република Македонија, вели Виктор Габер, член на Комисија за надворешни работи на СДСМ.

На Македонија и е одземено правото на глас во Обединетите нации со потпис на генералниот секретар Бан Ки-Мун.

Две години по ред нашата држава не плаќала придонеси кон светската организација.

Поради неплатен долг од 24.000 долари Македонија е во групата неплакачи заедно со Сомалија, Руанда, Јемен, или Сао Томе и Принципе.

UN Letter 12.01.2015

Тоа не се ни 23-те илјади евра што, според информациите во јавноста, ги земала за патни трошоци од Буџетот пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Што значи има пари кога се работи за џебовите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ама нема пари кога се работи за државата.

Владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, во април 1993 година, во специфични регионални околности и комплицирани меѓународни односи, во услови на блокади, успеа од Македонија да направи достојна членка на Организацијата на Обединетите нации. Со тој чекор се отвори вратата на Македонија за меѓународно признавање и етаблирање како независна и суверена држава.

Во јануари 2015, никој од надвор, туку лично Никола Груевски и неговата Влада ги погазија честа и макотрпно градениот углед на Република Македонија.

Не сме изненадени. Само жалиме што и светот стана сведок на какво дереџе паднавме како држава.

Актуелната власт нема основно чувство за државен интерес и нема минимум државнички капацитет.

Одговорноста е на Никола Груевски и на неговата власт и решението е едно. Мора да заминат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“