(ВИДЕО) СДСМ: Стевчо Јакимовски сака да ги задолжи граѓаните со нови 2.5 милиони евра

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски на денешната седница на Советот предлага да се донесе Одлука за долгорочно задолжување на општината за нови 2.5 милиони евра, вели Магдалена Несторовска, советничка во Советот на општина Карпош.

Ова ново задолжување со кредит од 2.5 милиони евра ке треба да го враќаме ние, граѓаните на Карпош.

За советниците на СДСМ и опозицијата ова е неприфатливо. СДСМ остро се спротивставува на вакви неразумни постапки на градоначалникот Јакимовски, по стапките на неговиот коалициски партнер Никола Груевски.

Predlog Karpos zadolzuvanje 2,5 milioni (1)

Општинската каса е празна, училиштата немаат доволно средства за греење, децата мрзнат. Според завршната сметка од 2013 година долгот на општината е околу 9 милиони евра а денес има намера дополнително да се задолжи, без да ги праша граѓаните.

Општина Карпош е пред финансиски колапс и парите на граѓаните треба да се трошат домаќински а не постојано да се задолжува. Наместо за мегаломански прослави и пеачи, наместо за прекубројни вработувања на сметка на општинската каса, наместо за репрезентација, парите треба да се наменат за решавање на проблемите на граѓаните на Карпош.

Predlog Karpos zadolzuvanje 2,5 milioni 2 str

Целата процедура за ова ново задолжување е избрзана, несериозна, неподготвена и без консултација со граѓаните.

Зошто ако се задолжува општината не се почитува законот и не спроведе јавна расправа? Да ги прашаме граѓаните, дали се согласуваат дополнително да се дозадолжи општината со нови и нови долгови.

Predlog Karpos zadolzuvanje 2,5 milioni 3 str

Граѓаните треба да донесат одлука за ова, затоа што утре Стевчо Јакимовски нема да биде градоначалник, ама кредитот останува да го враќаат граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната