(ВИДЕО) СДСМ: Следат нови проблеми за штипјани

Од:

Мнозинството во Советот на општина Штип, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, донесе одлука со која на ЈП Стипион му се наложи да ги ослободи и да ги сруши сопствените простории во центарот на градот, рече Мики Тодоров, советник од СДСМ и коалициските партнери.

Советниците на СДСМ се спротиставија на оваа одлука. Покрај тоа што има голем број на нејаснотии околу финансиската исплатливост ваквата одлука може да има сериозни последици врз безбедноста на сообраќајот и граѓаните.

Загрижува фактот што ваквата одлука на мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ е донесена набрзина, без соодветна анализа, особено пред почетокот на зимската сезона.

Досегашните простории, спроти автобуската станица, Јавното претпријатие ги користеше за чување на возилата за зимска служба со соодветна механичка работилница, како и за складирање на сол и ризла.

Во замена за овој простор сега ЈП Стипион треба да ги добие на користење магацините на АРМ кај месноста Новакова чешма, на 4 километри оддалеченост од градот.

Големата оддалеченост од градот и фактот што нема асфалтиран пристапен пат до новата локација ќе претставува дополнителен проблем за одамна застарената механизација на ова јавно претпријатие.

Неефикасноста на ЈП Стипион ќе создаде сериозни проблеми во проодноста на градскиот сообраќај и ќе ја загрози безбедноста на граѓаните во зимскиот период.
Градоначалникот Илчо Захариев треба да им објасни на граѓаните:

1.Зошто не е извршена стручна анализа и соодветна проценка пред да се донесе одлуката за дислокација на ЈП Стипион и рушење на старите простории?

2.Зошто локалната самоуправа не обезбеди соодветен простор и пристапен пат па потоа да наложува претпријатието да ја менува локацијата?

3.Ќе добие ли ЈП Стипион средства за рушењето на сопствените простории?

4.Зошто се уште не е спроведен заклучокот на Советот на Општина Штип за набавка на ново возило-камион, со додатна опрема за чистење на снег и распрскување на сол (соларка) којшто беше донесен уште минатата година?

Со оглед на факот дека зимската сезона започнува на 15 ноември, градоначалникот ќе мора да одговори на овие прашања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?