(ВИДЕО) СДСМ: Што крие Јакимовски, зошто не реализираше ниту едно ветување?

Од:

Градоначалникот Стевчо Јакимовски не оствари ниту едно од изборните ветувања.
Проблемот не е само во изигрувањето на довербата туку во тоа што проблемите на граѓаните остануваат нерешени. Пред цели 2 години Јакимовски вети дека општинската зграда ќе биде готова за 8 месеци. Поминаа години а се уште ја нема зградата на општинската администрација, рече Иван Спировски, советник во Советот на Општина Карпош.

Секторите на општината се расфрлани на 10 различни локации во Карпош. Поради неодговорноста на Јакимовски граѓаните се принудени да поминат километри за да завршат некоја работа од еден сектор во друг.

На врвот на лагите и празните ветувања од Стевчо Јакимовски се и ветените 5 базени за учениците од основните училишта Аврам Писевски, Владо Тасевски, Братство, Петар Поп Арсов и Х.Т Карпош. Учениците останаа без нив.

Веќе 2 години се манипулира и со бесплатните ужини и екскурзии за основците кои учат во Карпош. Се воведуваат само за една генерација годишно. На овој начин и учениците и родителите се ставени во нерамноправна положба. А, како што тргнал Јакимовски учениците од петто одделение бесплатната ужина нема да ја добијат од него, туку од следниот градоначалник.

Граѓаните од Бардовци, Злокуќани и од населбата Влае 1 останаа без ветените градинки во секоја од нив. Јакимовски заборави на родителите од овие населби кои сега своите деца се приморани да ги носат километри подалеку.

Дали неостварените ветувања имаат врска со тешката финансиска состојба во којашто се наоѓа општина Карпош? Што крие Стевчо Јакимовски од граѓаните?

Како и својот коалиционен партнер, Никола Груевски, и Стевчo Јакимовски има остварено нешто неветено.

На граѓаните на Тафталиџе Јакимовски не им вети пробивање на три сервисни улици кои навлегуваат во имотите на десетици семејства и сериозно се закануваат да срушат дел од постојните куќи. Но токму ова се предвидува со последните измени на Деталниот урбанистички план.

Повикуваме, Стевчo Јакимовски да не посега по имотот на граѓаните на Карпош и да соопшти зошто не реализираше ниту едно ветување?

Би можело да ве интересира

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција