(ВИДЕО) СДСМ: Што е сега изговорот, поминаа 1000 години од последната поплава?

Од:

„По првиот дожд по полавите, каналите за атмосферски води повторно претставуваат ризик за животот и безбедноста на граѓаните.

Овој ризик, кој е резултат на неодговорното работење на надлежните не смее да се игнорира. Додека градоначалникот Тони Трајковски се интересира само за фотографирање со министерот, каналите за третман на атмосферски води пропаѓаат, не функционираат и секојдневно го загрозуваат животот и безбедноста на населението и на учесниците во сообраќајот“, изјави Борче Георгиевски, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

„Кој ќе биде изговорот на надлежните сега? Што ќе кажат овој пат?

Поминаа 1000 години од последната поплава па не можеше ништо да се направи?

Не!

Можело да се направи, ако во прв план биле граѓаните, а не сопствените џебови. Поплавите и штетите од поплавите се резултат на несоодветни инфраструктурни решенија, а не на виша сила која не може да се предвиди ниту спречи.

Од 2013 до 2015 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство исплатило повеќе од 2,5 милиони eвра за чистење на каналите во Македонија.

Државниот завод за ревизија констатираше дека парите за чистењето на каналите ги добивале лица и фирми врз основа на барање и документација, без овластени контроли на терен.

Ревизорите констатирале и дека е можно за едни исти проекти да биле исплатени двојно повеќе пари. Од овие пари, близу половина милион евра завршиле кај Силекс Неметали, фирма во сопственост на Силекс АД Кратово.

Во време на склучување на договорот со Силекс Неметали, Михаил Цветков, Министерот за земјоделство е член на Управниот одбор на Силекс АД Кратово. Тоа е класичен судир на интереси, злоупотреба на државни институции и злоупотреба на парите на граѓаните за бизнис интересите на фамилијата. За овој скандал веќе поднесовме кривична пријава.

Сите кои придонеле за ваквото загрозување на животите на граѓаните, ќе одговараат!

По 11 декември доаѓа нова одговорна власт на која животот и безбедноста на граѓаните ќе и биде на прво место“, изјави Борче Георгиевски.

П1: Конкретно на оовј регион, колкава е штетата според вашите проценки и во моментов која е опасноста поради која еве ни патот не може да функционира?

БГ: Значи, се наоѓаме на лице место на северната заобиколница на патниот правец од Стајковци према Смилковци во должина од 5 километри. Самите можете да се уверите дека атмосферската мрежа, каналот којшто требало да биде во функција за да ја заштити безбедноста и сообраќајот на оваа делница воопшто не е во фунција и со првиот дожд веднаш се поставува прашањето за безбеднооста на овој потег. Не е решено ни после 33-тиот ден. Се наоѓаме на лице место и сведоци сте дека освен кал, блато и уништена инфраструктура и воопшто ни денар не е вложено. Се поставува прашањето, што ако утре имам повеќе обилни дождови? Каква ќе биде сигурноста и безбедноста во сообраќајот?

 

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Во Шпанија се трага по 89 луѓе, ова не е конечната бројка исчезнати

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Старица преживеала три дена во поплавена куќа во Валенсија

ВИДЕО: Бесните жители на Валенсија го гаѓаа шпанскиот крал со кал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бројот на жртвите во Шпанија надмина 200, се стравува дека бројката може да се удвои

ВИДЕО: Во очекување на нови врнежи, Шпанија се бори со последиците од катастрофалните поплави

Катерина Ѓуровски