(ВИДЕО) СДСМ Штип: Власта го реконструира стадионот во тајност небаре гради ракета

Од:

Општина Штип почна со активности за реконструкција на градскиот стадион во најголема тајност па дури ниту Советот на општината не знае по кој договор тоа се прави, како ќе се финансира, ниту кој ќе биде изведувач, порача на прес-конференција во Штип денеска Марија Костова, член на Советот на општина Штип од редовите на СДСМ.

– Општина Штип започна со активности на градскиот стадион за коишто ниту граѓаните ниту Советот на општината не знаат врз основа на кој Договор се извршуваат. Советот на општина Штип единствено дал согласност за склучување на договор помеѓу Општината и Фудбалската федерација на Македонија, за реконструкција на градскиот стадион со помош на УЕФА.

Но, до денеска ниту јавноста ниту Советот на општина Штип не се запознаени со содржината на овој Договор. Не се знае дали има изготвено Идеен и Основен проект. Не се знае дали е избран изведувач и на кој начин е направен изборот. Преку каква спогодба?

Кој ќе финансира и колку? Бидејќи општина Штип има превземено обврска да учествува со 50% во реконструкцијата на стадионот, градоначалникот Захариев е должен да одговори дали и на кој начин се обезбедени 350.000 евра, колку што е обврската на општината – праша Костова.

Таа нагласи дека во општинскиот буџет за годинава не се предвидени пари за таа намена.

– Зошто градоначалникот Захариев го крие Договорот? Во интерес на граѓаните бараме Договорот да биде јавно објавен и ставен на увид на јавноста – побара Костова.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он