Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев на денешната прес-конференција обелодени манипулативна предизборна операција на ВМРО ДПМНЕ.
Тој прикажа аматерска видео снимка на која, како што рече, фатени се режимски функционери како навечер „штанцаат“ документи во Центарот за социјални работи во Крива Паланка.
Олгица Ристовска, раководител на Центарот вчера околу 19 часот заедно со сопругот директор на ОУ „Јоаким Крчовски“ влегле во просториите на оваа институција, во просториите биле присутни и Тања Николовска подрачен раководител на Катастар, Софија Николовска кандидат за советник на ВМРО ДПМНЕ во Крива Паланка како и уште други две лица. Откако пред Центарот за социјални работи се собрале да протестираат поголема група на активисти на Сојузот за иднината пред да настане инцидент полицијата ги евакуирала посочените од Центарот околу 1 часот по полноќ, рече Георгиев.
Тој најави и кривична пријава против Олгица Ристовска која како раководител на Центарот за социјални работи.
Нема никаква дилема дека злоупотребите на социјално ранливите категории на граѓани преку закани, уцени за социјална помош и решенија за нега на трето лице се вообичаена и масовна пракса на режимот за ловење гласови и тоа речиси во сите општини во Република Македонија. Ние нема да бидеме неми набљудувачи на сериозните прекршувања на изборните правила од страна на режимот. Будно ги следиме, евидентираме и процесуираме сите злоупотреби во оваа предизборна кампања, рече Геориев.
