(ВИДЕО) СДСМ: Решение за пополавите наместо луксуз во Скопје

Од:

Изминатиот период сведоци сме на редовни поплави при секој поинтензивен дожд во Скопје. Редовно доаѓа до блокада на протокот на води во атмосферската канализација, што предизвикува закочување на сообраќајот. Особено кај клучката кај Континентал, подвозникот кај ул. Бихаќка, бул. Србија, кај царинските терминали и на многу други локации, рече Ѓорѓе Матевски, советник во Советот на Град Скопје.

Очигледно е дека градот Скопје не може да се справи со овие состојби, иако дождовите траат релативно кратко.

Затоа денеска ќе го прашаме Коце Трајановски зошто троши астрономски износи од 18 милиони евра за Панорамско тркало? И зошто 11 милиони евра троши на луксузната зграда на ЈП Водовод и канализација, наместо овие пари да се потрошат за зголемување на капацитетот на атмосферската канализација?

Уште еднаш го повторувам предлогот на опозицијата за продажба на луксузната зграда на ЈП Водовод и канализација и пренамена на овие средства и средствата за панорамското тркало за изградба на атмосферската канализација во интерес на сите граѓани на Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски