(ВИДЕО) СДСМ: Реформата Кембриџ е само купопродажен договор од 12 милиони евра?!

Од:

Министерството за образование молчи откако го повикавме на нас граѓаните да ни го покаже склучениот Договор за соработка со Кембриџ. Дали молкот на Абдулаќим Адеми и Спиро Ристовски значи дека Договор нема, праша Сашо Тодоровски, член на Комисија за образование и наука на СДСМ.

Тој додаде дека Адеми и Ристовски, лично се должни да одговорат:

1. Дали, во т.н. проект Кембриџ, станува збор за обичен купопродажен договор помеѓу Министерството за образование и издавачка куќа од Велика Британија, вреден 12 милиони евра? Сума, лично соопштена од заменик министерот Спиро Ристовски.

2. Од кои учебници учат децата во Велика Британија? Дали децата во Велика Британија учат од исите учебици како донесените во Македонија или од програми подготвени од Министерството за образование на Велика Британија?

3. Која Комисија од Министерството образование во Македонија ги одобрила евентуално тие програми за учениците во земјава и кога го направила тоа?

Министерството за образование е должно да го покаже Договорот помеѓу Министерството за образование во Македонија и институцијата Кембриџ во Лондон. Ова посебно, поради тоа што од овој т.н. проект во училиштата плачат 7 и 9 годишни деца, а нивните родители и наставници се под секојдневни стрес и нервози.

Ако и денеска Адеми и Ристовски одмолчат и го пратат Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ да ги брани со низок речник без информации и аргументи, ќе остават простор јавноста основано да се сомнева дека Договор со Кембриџ нема, туку има само бизнис интерес на власта тежок 12 милиони евра, за што во залог е ставено здравјето на деца, родители и наставници.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација

СДСМ: Власта си игра со фотелји додека граѓаните се соочуваат со поскапувања