(ВИДЕО) СДСМ: Продолжи партиско-полициското насилие

Од:

СДСМ смета дека денеска продолжило партиско-полициското насилие, кое е невидено за парламентарни демократии и за земја која претендира да биде членка на ЕУ и НАТО откако власта преку министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ѝ понуди на опозицијата да се врати во Собранието и од 15 часот да учествува на вонредна седница на која треба да се изгласа итно донесениот предлог-закон за продолжување на рокот за доставување кандидатури за претстојните локални избори до 3 март.

Откако вчера на лицемерната прес-конференција на Зоран Ставрески, не соопшти никаков предлог, денес ВМРО-ДПМНЕ уште побезобразно излезе со Гордана Јанкулоска. Ја потсетуваме режимската ВМРО-ДПМНЕ дека „Сојузот за иднината“ не одлучи да ги бојкотира претстојните локални избори затоа што немаше време за кандидатски листи, туку поради целосната неодговорност на власта и нејзиниот партиско полициски пуч – изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните