ВИДЕО: СДСМ Прилеп го продолжува одбележувањето на 3-ти Декември

Од:

Форумот на жени при Општинската организација на СДСМ од Прилеп, го продолжува одбележувањето на 3-ти Декември.

„На меѓународниот ден на лицата со посебни потреби и со пригодни подароци, традиционално го посетивме дневниот центар за децата со посебни потреби „Sуница“.

Секогаш се радуваме на средбите со децата од дневнот центар, а оваа година, покрај што за нив обезбедивме кебина и прехрамбени производи, децата ги израдувавме и на еден посебен начин“, рече Васе Илиоска – член на форумот на жени СДСМ Прилеп.

„Имено, со нас е писателката Сања Бозароска, авторка на специјалната книга за деца со посебни потреби „Подарок за ангелот“ и која лично на сите деца им подели по еден примерок од нејзината книга.

Со оваа хуманитарна акција, сакаме да помогнеме во работата на дневниот центар и да им го олесниме животот на децата со посебни потреби.

СДСМ се залага за поинтензивно вклучување на лицата со хендикеп во општествениот живот, затоа што длабоко сме убедени дека силата  не произлегува од физичката конструкција, туку од нивната волја и енергија за поголем придонес во нашето општество“, изјави Васе Илиоска – член на форумот на жени СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?