(ВИДЕО) СДСМ: Преседанот со затворената обиколницата го пренасочи товарниот сообраќај низ Скопје

Од:

„Власта прифати да ја затвори скопската обиколница и коридорот 10, најфреквентниот коридор во земјава.

Причината е снимање на филм со непозната уметничка вредност.

Никаде во светот не е дозволено затворање на автопат на ваков начин. Особено не на толку долг временски период, 37 дена“, рече на денешната прес конференција Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски и член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Несериозни се споредби со земји со многу поразвиена сообраќајна инфраструктура коишто имаат можности за брзи алтернативни решенија за премостување на затворени делници.

Со затворањето на обиколницата целиот товарен сообраќај поминува низ Скопје. Сите камиони кои транзитираат ќе поминуваат низ центарот на градот.

Со тоа се зголеми сообраќајниот хаос на оваа улица, Никола Карев, попозната како Пластичарска, а инфраструктурата во Скопје ќе претрпи нови оштетувања.

Дополнително, зголемениот сообраќај ќе предизвика уште поголемо загадување на воздухот во Скопје којшто одамна е најзагадениот град во Европа.

Загадувањето пак ќе предизвика нови, сериозни проблеми за луѓето со респираторни болести.

Несериозно, неодговорно, економски и еколошки неисплатливо е да се затвора автопат и обиколница на главен град 37 дена за само 78 илјади евра. 78 илјади евра коишто наводно ќе се наменат за наводна реконструкција на стариот пат Велес-Градско.

Апсурдноста е во тоа што власта постави три жални врби во Вардар за коишто потроши 250 илјади евра, а сега се фали со наводна инвестиција од само 78 илјади евра за реконструкција на пат.

Па со 78 илјади евра не може да се реконструира ниту 1 километар пат.

ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонија во несериозна држава во којашто е можно се што не е ниту замисливо за нормалните земји“, изјави Благој Бочварски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он