(ВИДЕО) СДСМ: Поплавите имаат име и презиме, Никола Груевски, предлагаме решение

Од:

„СДСМ е помеѓу граѓаните од загрозените региони. Членовите и симпатизерите на СДСМ постојано се на терен за да можеме да помогнеме толку колку што е во наша можност и заради спецификата на пелагонискиот регион, каде што има  сериозни оштетувања од поплавите.

Имаме формирано кризен штаб за општините Битола, Новаци и Могила коишто се во постојан контакт со граѓаните за да им излезат во престрет за состојбата во којашто се наоѓаат“, велат од СДСМ.

„Многу штета има претрпено населението од овие региони, најмногу земјоделците: преку земјоделските површини и после повлекувањето на  водата сигурно нема да можат да остваруваат приходи, како и граѓаните со поплавени домови.

Знаеме дека оваа катастрофа и состојбата во којашто се наоѓаат граѓаните во Република Македонија има име и презиме, а тоа е Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Pelagoniski region 1

„Тие со своето недомаќинско и неодговорно однесување, во последните 8 години допринесоа за една ваква состојба во којашто се наоѓа државата. Наместо да вложуваат финансиски средства коишто ќе се користат за чистење на речните корита за одводните канали, барем да ги користат парите коишто им ги земаат на земјоделците за наводнување и одводнување за намените коишто ги користат. Тогаш ќе имаше превенција на ваквите состојби. Меѓутоа тие, тие пари ги користат за други намени и ги оставија граѓаните на милост и немилост во овој регион и воопшто во Република Македонија“, вели Спасовски.

„Џабе се сега прошетките и на Груевски и на министрите во Владата во овој момент, кога навистина се направени штети. Требаше и Груевски и министрите многу поодговорно да се однесуваат и наместо да прават роуд шоуа надвор од државата, да бидат овде помеѓу граѓаните и да си ги работат задачите и работите за коишто се овластени и да парите ги трошат наменски“, рече генералниот секретар на СДСМ.

Pelagoniski region f1

„СДСМ покрај тоа што ја лоцира одговорноста директно кај Груевски и  ВМРО-ДММНЕ, во неодоговорноста на нивните министри и при извршувањето на активностите и работите, ние имаме предлог до Владата, нека го чујат и граѓаните на Република Македонија.

Решение на проблемот не е изјава на премиерот дека можело да биде и полошо од ова што е сега. Сигурно е дека со секој ден на власт, со него е полошо од ова што е сега“, рече Спасовски.

Spasovski f3

„СДСМ предлага користење на парите предвидени од страна на Европската комисија за оваа намена. Постои солидарен фонд или фонд на солидарноста на Европската унија, којшто има предвидено финансиски средства за елементарни непогоди. Досега 24 држави искористиле европски средства од овој фонд, некаде околу 4 милијарди евра, за превенција од елементарни непогоди.

Затоа мора што поскоро да се формира еден тим којшто ќе воспостави контакт со генералниот директорат за регионални политики во Брисел и на тој начин да се подготви апликацијата за искористување на вакви финансиски средства. Со апликацијата и комуникацијата со овој генерален директорат да се гарантира и успешноста на таа иницијатива. Да можеме тие пари, коишто се наменети за вакви потреби, а Македонија како кандидатка за членка во ЕУ има право да ги користи тие пари, да се започне сериозно со чистењето на одводните канали, на речните корита и слично и парите да ги искористат наменски.

Ова е сериозен предлог којшто денеска го упатуваме и до Груевски и до ВМРО-ДПМНЕ.

Spasovski f4

Тоа треба да го направат час поскоро бидејќи времето за аплицирање е 12 недели и треба тоа да го искористат максимално за да оставиме впечаток како сериозен организиран систем на Република Македонија, иако со една ваква ненародна власт тоа тешко може да се констатира.

Уште еден апел и повик: не е добро да доаѓаме кај луѓето во моменти кога настанала сериозна штета, време е една одговорна власт, а таква власт не е ВМРО-ДПМНЕ, да направи се за превентивни мерки за спречување на ваквите состојби“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата против предлогот на СДСМ за измена на Законот за минимална плата

СДСМ: Партискиот директор во АНБ, Бојан Христовски нема соодветни сертификати за безбедност и за англиски јазик

А1он

СДСМ: Лаже ли Бојан Христовски во биографијата? Нема TOEFL центар во Бугарија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: По целосната партизација од страна на СДС на безбедносните служби, следи нивна професионализација

Горан Наумовски

Мицкоски: Единственото нешто што е катастрофално во Македонија е состојбата која што СДСМ ја остави после седум години разбојничко управување

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од опозиција глуми лажна грижа за граѓаните и економијата