(ВИДЕО) СДСМ почнува теренски активности во над 940 населени места

Од:

СДСМ од денеска започнува со интензивни теренски активности под мотото „Рамо до рамо до победа“, најави денеска претседателот на партијата Димитар Ковачевски.

Ковачевски информира дека во наредниот период, СДСМ ќе посети 946 населени места со сопствениот потенцијал за да разговараат со граѓаните.

-Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, во секое маало, во секоја урбана заедница таму каде што ни е местото, меѓу народот заедно со граѓаните. Рамо до рамо со народот, со сите граѓани ќе посетиме 946 населени места ширум целата држава да разговараме со нив, да го слушнеме нивниот глас за се она што најмногу им е важно, да дадеме отчет за сработеното во изминатата година, но и да кажеме што следува во наредниот период, рече Ковачевски.

Претседателот на партијата нагласи оти е потребна сплотеност, заедништво и мобилизација на целото македонско општество, за како што рече, нова победа за нашата држава.

-Секој ден ќе бидеме на терен заради подобра иднина на татковината, а не затоа што наредната година има избори. СДСМ е државничка партија која заедно со граѓаните успеа во тешките моменти во оваа зима, да ја одржи економијата и напредокот по вистинскиот по европскиот пат. Најтешкото е зад нас, но предизвици за македонската иднина се уште постојат, нагласи Ковачевски.

Тој се осврна и на справувањето со економската и енергетската криза, потенцирајќи дека со пакетот антикризни мерки во вредност од 760 милиони евра е постигната целта и е постигнат успех. Најави големи промени во оваа и наредната година. Економијата, како што рече, ќе продолжи да расте, а ќе продолжи и растот на платите и пензиите.

-Деструктивниот, потпалувачки опозициски наратив под секое ниво не е добар за општеството и има само една цел – да ја уназади европска Македонија. Но, ние тоа на пироманите од Левица и од ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме. СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и ќе ги разобличиме промашените пропаганди, ќе го трасираме победничкиот пат на победничките политики кои ги предводиме заедно со коалициските партии и заедно ќе го поразиме евтиниот популизам, заклучи Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Петмина уапсени во Брвеница, Мицкоски има фотографија со еден од нив

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа

СДСМ: Мицкоски, ги применува истите тие правила на својот учител Груевски

Горан Наумовски

СДСМ: Го поддржуваме протестот и барањата на работниците

Горан Наумовски

Нелоски: Татко ми има право на приватен бизнис, фирмата никогаш не добила тендер