(ВИДЕО) СДСМ: Овчарите немаат земено субвенции за две години

Од:

Последица од големиот број погрешни земјоделски политики на актуелната власт е и преполовеното сточарско производство. Меѓу вас владее незадоволство бидејќи сте оставени сами на себе да се снаоѓате кој како знае и умее, вели Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Причината за незадоволството е драстичното намалување на бројот на овци од година во година. Пред 20 години во Македонија имаше под 2 милиони овци а сега нивната бројка изнесува само 530 илјади. На што се должи ваквиот пад на бројната состојба?

Власта ви ги нема исплатено субвенциите за изминатите 2 години. Субвенциите, наменети за купување сточна храна, ви доцнат секоја година.

Болеста „син јазик“ си го зема данокот, бидејќи власта не реагираше навремено. Цените на јагнешкото месо паѓаат и сточарите се принудени да ги продаваат овците. Во услови кога се е поскапено, килограм јагнешко, трговците го откупуваат за само 140 денари. Цената на чифт овци од 220 евра падна на 100 евра. Затоа масовно се продаваат во Косово и Албанија.

За последните четири години, парите за развој на сточарството се намалени од 36,5% на 30,5%.

Бројноста на вкупниот добиток е намалена што резултира и со намалување на производството на месо, од 25,4 на 20,9 илјади тони. Паралелно со тоа вредноста на увезено месо е зголемена од 140 на 170 милиони долари.

За да им се помогне на сточарите, ја повикуваме власта:

  • Навремено да ги исплаќа субвенциите
  • Веднаш да ги исплати субвенциите за 2012 и 2013 година
  • Да започне со исплата на субвенциите за 2014 според „календарот на субвенции“ – мерка што ја предложи СДСМ

СДСМ во својата програма предвидува конкретни мерки за сточарите:

Субвенционирање по грло добиток и по единица површина. Секоја година, покрај основната субвенција, дополнителна субвнеција од 20% за секој следен хектар или 30% за секое следно грло добиток. Така вистински ќе се насочат средствата за директна подршка во развој на сточарството.

Мерки за итно зголемување на добиточниот фонд:

Ќе ги ослободиме од данок на добивка во период од 5 години оние кои ќе отворат сточарска фарма.

Ќе доделиме државно замјоделско земјиште на сточарите кои ќе го зголемат сопственото стадо за да им се овозможи сопствено производство на поефтина добиточна храна.

Ќе го подржиме традиционално номадско сточарење – летната миграција, со по 3 евра по овца или коза.

Со овие мерки, веруваме дека ќе се подобрат состојбите во сточарството и ќе се врати достоинството на сточарите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: За ситни политички поени, СДС ја стави Македонија во пламен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајчулески до Мицкоски: Зошто го отворате прашањето за македонскиот јазик, не враќате во времето на Груевски со истите мотиви?

(ВИДЕО) Стојчевски: Лефков е симбол на сѐ погрешно во ВМРО-ДПМНЕ, сее лаги, а молчи за Кочани

Горан Наумовски

Шукова: Ние ќе воведеме ред, ќе ги засилиме инспекциските контроли и ќе обезбедиме одговорно одржување на јавниот простор

Горан Наумовски

СДСМ: Македонија е прва во Европа по изгорена територија во однос на површината, ова не е статистика

Горан Наумовски

Мицкоски сака обвинител под негова контрола, затоа се крие зад Левица, велат од СДСМ