(ВИДЕО) СДСМ: Одбиваме да сме заложници на криминална власт!

Од:

Денес, на 9-ти Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, од ова место, од прилепскиот участак, симболот за антифашистичката и народноослободителна борба на македонскиот народ, испраќаме апел за сплотеност и единство во борбата за слобода и демократија за Македонија во 21-от век, рече Александар Џагадуроски, претседател на ЛК СДММ Прилеп.

Ние младите, одбиваме да бидеме заложници на неколку криминалци, кои под превезот на патриотизмот, брутално ја разнебитуваат македонската држава!

Одбиваме да живееме во општество во кое системот прикрива убиство на млад човек.
Одбиваме да не држат во канџите на националнизмот и надвор од Европското семејство, само за да опстои коруптивното владеење.

Одбиваме да сме заложници на тесна група профитери, кои се закануваат со завршувања во ендек, кршат Устав и закон, зацрнуваат семејства и човечки судбини, само за пусти пари и провизии.

Вистината за Македонија го соголи Никола Груевски и целата расипаност на режимот во заминување. Но, истовремено, ја најави и долгоочекуваната македонска пролет. Пролет на промени и ново подобро утре.

Ги повикувам, сите млади прилепчани да се приклучат на историскиот, сенароден протест, на 17 Мај во Скопје. Токму ние младите, студентите и средношколците, да бидеме предводници на борбата за толку многу неопходните промени во нашата Македонија.

Сите заедно, да се издигнеме над партиските и национални разлики, под едно знаме, преку мирни, ненасилни и достоинствени протести, да го испратиме Груевски и неговиот режим во темната страна на македонската историја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски