(ВИДЕО) СДСМ: Нов паричен удар врз дуќанчињата, каси до 500 евра

Од:

50 илјади фирми во Македонија се под нов финансиски притисок. Треба да набават нови фискални каси. Новите фискални ГПРС каси што ги бара власта чинат до 500 евра! Најголем дел од фирмите, треба сами да си ги купат, рече Јован Митрески.

Тоа се најранливите, мали и средни претпријатија: дуќанчиња за леб, берберници, продавнички за облека, авто перални, што имаат мал промет. Нив, најголемиот стрес ги чека за два ипол месеци кога им истекува крајниот рок, додаде тој.

Не е точно тврдењето на власта, дека трошокот за новите фискални ГПРС каси нема да падне врз фирмите, бидејки ќе им бил овозможен даночен кредит.
Прво, право на даночен кредит имаат фирмите што имаат промет повисок од 6 милиони денари на годишно ниво. Малите бизниси не користат даночен кредит.

Второ, и тој даночен кредит не значи бесплатна фискална каса. Даночниот кредит, според Законот за данок на добивка, ќе врати на фирмата само 10 проценти од вредноста на фискалниот апарат.

До крајот на октомври, под притисок да купат нови каси се 8900 фирми.

На 15 дена до истекот на рокот, само 20 отсто од фирмите навабиле ГПРС каси.

Власта не ја интересира дека со своите политики ги исцеди бизнисот и стопанството.
Затоа тресе од нивните каси се што може.

Според груба пресметка, новите фискални апарати, на некого во државава ќе му донесе до 40 милиони милиони евра.

СДСМ смета дека фирмите треба да имаат ГРПС каси. Но СДСМ бара, замената на касите со нови ГПРС каси да биде бесплатна, посебно за малите претпријатија.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана