(ВИДЕО) СДСМ: Непотизам во ООУ Илинден – директорот си ја вработил сопругата

Од:

Во основното училиште „Илинден“ во Крива Паланка нема никакви хигиенски услови. Санитарните јазли се во катастрофална состојба, во тоалетите се шири неподнослива реа и не може да се употребуваат. Учениците се приморани да се снаоѓаат како знаат, соочени со сериозната закана од ширење бактерии и заразни болести, вели Миле Трајковски, член на совет во општина Крива Паланка.

Директорот на училиштето, наместо да инвестира во подобрување на неопходните хигиенски услови за сите ученици, троши пари за реновирање на сопствената канцеларија и останатите помошни простории.

За директорот поважна е неговата канцеларија од здравјето на учениците.

Јавно го повикуваме санитарниот инспекторат да изврши увид во состојбата, со што конечно ќе се овозможат основните хигиенски услови за учениците во Крива Паланка и ќе се спречи опасноста од ширењето на заразни болести кај учениците.

Дека директорот мисли само на задоволувањето на своите интереси, класичен пример е непотизмот со вработувањето на неговата сопруга во истото училиште во кое и ја врши функцијата директор.

На почетокот на оваа учебна година, на местото на веќе вработена која е моментално на породилно отсуство, во училиштето е вработена сопругата на актуелниот директор.

Оваа прилика сакаме да го прашаме директорот и неговата нововработена наставничка, дали е точна информацијата дека против неа се води истрага за наводно пријавено малтретирање на ученик од УД Боро Менков кога таа била на смена, каде била вработена минатата година?

Почитувани, директорот на ООУ Илинден, кршејќи ги сите правни и законски норми, дрско практикува непотизам во институцијата во која работи и ги става личните приоритети пред општествените.

Јавно го повикуваме просветниот инспекторат да покрене постапка за утврдување на соодветноста на кадарот во ООУ Илинден, во кое сопругата на директорот која по занимање е метеоролог, изведува настава по други наставни предмети.

Се надеваме дека просветниот и санитарниот инспекторат ќе извршат реален увид во состојбите во ООУ Илинден и ќе ги разгледаат можностите за преземање на одговорност на директорот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка