(ВИДЕО) СДСМ: Нема средства за ветените проекти во образованието

Од:

Со ребаланс на општинскиот буџет во Прилеп, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги избриша средствата за изградба на ново основно училиште во населбата Сточен пазар.
ВМРО-ДПМНЕ нема слух за родителите и нивните деца од оваа населба, кои пешачат и патуваат со автобус до училиштата, оддалечени и над два километри во еден правец, велат од СДСМ Прилеп.

Нема ниту изградба на нова детска градинка во Прилеп. Наспроти тоа, минорно се реновира постоечки капацитет во населбата Бончејца, кој нема да го реши хроничниот проблем со недостиг на места во градинките.

Недозволиво е учениците од училиштето „Кире Гаврилоски-Јане” и оваа година де се греат на дрва. Го нема ветениот систем за парно греење.

Нема пари за реализација на ветените проекти, а има средства за партиски вработувања, без да се води грижа за условите и квалитетот на наставата во училиштата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни