(ВИДЕО) СДСМ: Нема пари за помош на поплавените, а има за прослави

Од:

Општина Ѓорче Петров не издвои финансиски средства за помош на најпогодените од поплавените подрачја. Предлогот на опозицијата беше категорично одбиен од советниците на ВМРО-ДПМНЕ на чело со градоначалникот Сокол Митревски. Oбразложението е дека Општината нема доволно пари и дека за тоа треба да се изјасни Владата на РМ, вели Снежана Ангелковска Трајковска, координаторка на советничка група на СДСМ и коалиционите партнери.

Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту градоначалникот Митрески, не ја чекаа Владата за да донесат одлука да потрошат 800 илјади денари за прославата по повод 100 години Ѓорче Петров.

Не може да има пари за прослави а да не се солидаризира општината со граѓаните од полавените подрачја. На најпогодените од поплавите им е најпотребна помош.

Во знак на револт и солидарност со поплавените жители, како советници од опозицијата нема да присуствуваме на прославата што ја организира општина Ѓорче Петров.

СДСМ ќе продолжи со хуманитарните акции за помош на граѓаните од овие подрачја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски