(ВИДЕО) СДСМ: Не дозволија да положиме цвеќе на бистата на Стив Наумов

Од:

По повод денешниот празник 13 ноември, Денот на ослободувањето на главниот град, пред една недела доставивме писмено барање до директорката на основното училиште Стив Наумов, Елена Пенева, за положување цвеќе на бистата на Стив Наумов во населбата Автокоманда, вели Дејан Ристиќ, претседател на ОО СДСМ Гази Баба.

Од директорката Пенева категорично бевме одбиени со нелогично образложение дека не биле дозволиви партиски манифестации, иако нашата цел е одавање почит на херојот од НОБ како граѓани на Скопје.

Објаснивме дека петчлената делегација ќе положи цвеќе на споменикот без партиски обележја. Повторно бевме одбиени.

Ова го покажува непочитувањето на власта на ВМРО-ДПМНЕ кон борците од НОБ. Ако некој води политика со чествувањето на овој голем ден 13 Ноември тоа е оваа власт.

За нас однесувањето на директорката на ВМРО-ДПМНЕ е срамно и недозволиво.

Најавуваме дека вечерва во 18.30 часот ние граѓаните кои чувствуваме дека треба да се поклониме пред споменикот на Стив Наумов, тоа ќе го направиме.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема