Денес гласно ја отварам дилемата: Колкав е бројот на фантомски гласачи во Битола? На колку фиктивни гласачи МВР му обезбедила биометриски документи со лажни адреси? праша пратеничката Весна Бендевска.
Кривичниот законик рече, под изборна измама подразбира низа активности кои имаат за цел да влијаат врз изборниот резултат, да ја фалсификуваат слободната воља на граѓаните и да обезбедат власт на оној кој народот не го избрал. Токму и затоа е предвидена казна затвор од 5 год.
Еве само еден пример за такво дело: Кога Трајанка и Живко Д. на 24 Март отишле на избирачкото место да го остварат своето право на глас, констатирале дека непознатите лица: ЉУБИЦА и МАГДАЛЕНА ДИМОВСКИ, гласале со лични карти на кои стои токму нивната адреса! Адресата на нивната куќа која ја поседуваат со години наназад!
Упатувам јавен апел до граѓаните во Битола: на 7 април, отворете ги очите додека се потпишувате во изб.список! Видете дали и на Вашата адреса не постојат непознати лица, бидејки истите тие фантоми, со таков важечки документ што им го дала државата – утре ќе можат и да ви го спорат вашето ИМОТНО ПРАВО и сопственост над станот во кој живеете! Пријавете ги веднаш – заштитете си го својот дом и имот!
Заради ваква еклатантна вмешаност на државните органи во изборниот процес, денес најавувам кривична пријава против сторители-службени лица вработени во МВР, кое спротивно на законите за живеалиште и престојувалиште и лична карта, за што единствено тие се надлежни-му овозможиле на Љубица и Магдалена да поседуваат важечки документ со лажна адреса и со тоа ги поттикнале во извршување на кр.дело – изборна измама! Бараме кривична одговорност и од поттикнувачот и од извршителот!
Инсистираме на ургентно постапување и од ОЈО и од СВР Битола, во пресрет на 7 април. За да се спречи нов изборен фалсификат во Битола. И потсетуваме дека станува збор за дела што не застаруваат 10 години.
Битолчани нема и не смеат да замижувааат и замолчуваат кога некој им чепка во Битола!
Битола и битолчани не смеат да се поразени на 7 април!