(ВИДЕО) СДСМ: Мој термин стана ничиј термин

Од:

Системот наречен „Мој термин“ постојано откажува со што редовно продуцира проблеми на штета на граѓаните и лекарите. Мој термин стана ничиј термин. Низ клиничките ходници се создаваат редови од нервозни граѓани и лекари. Медицинскиот персонал не може да прегледува нормално, лекарите не можат да издадат електричен упат поради блокада на системот. Наместо електронски се пишуваат рецепти и упати на хартија, кои потоа никој не сака да ги прими, вели Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здравство.

Или не може да се закаже контролен преглед или пак граѓаните треба да чекаат со месеци.

Ако е потребно дополнително испитување болните ќе треба да се вратат пак кај матичен лекар.

За конфузијата во здравството, што самата ја создаде, власта ги казнува лекарите за непочитување и доцнење на закажани термини токму со нефункионалниот „Мој термин“.

За власта, очигледно само докторите се виновни што не работи системот.

Но, кој треба да биде казнет за тоа што не работи системот „Мој Термин“ кој никако да профункционира?

Од овој месец, ноември, власта бара од лекарите 36 прегледи да остварат во текот на еден ден, плус еден час за контролните прегледи. Според математиката на Тодоров, за секој пациент ќе се одвојува само по 10 минути време.

Но како докторите да им се посветат на пациентите кога токму системот „Мој Термин“ предвидува многу пишување на компјутер и дополнителна електронска документација за лекарите. На секој лекар му требаат речиси 10 минути за пишување на упати, рецепти, анамнеза. За да не биде казнет, лекарот ќе нема време ниту да го погледне, не па да го прегледа пациентот.

Граѓаните нема да можат да бидат прегледани, да се советуваат со лекарот, да ја добијат соодветната терапија.

Погрешните политики на власта и хаосот кој го создаде Никола Тодоров создадоа слика на колабирано и болно здравство во Република Македонија.

Не „Мој термин“ туку македонското здравство треба да се рестартира.

Лекот треба да се бара во промени во врвот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски