(ВИДЕО) СДСМ: Младите да се охрабрат и започнат свој бизнис

Од:

Младите од Велес денеска учествуваа на програмската трибина “Агенда – Млади 20-24”, на која дебатираа на тема „Младинска невработеност“ во организација на СДММ.

На денешната трибина се обратија Виктор Велевски, генерален секретар на СДММ, Љупка Црвенова од ЛК Велес и Игор Андреев, извршен директор на првиот бизнис акцелератор во Велес „Х Фактор“.

„Невработеноста кај младите беше еден голем проблем кој ја мачеше нашата младина и ако направиме една паралела од пред 3 години и до денес земајќи ги во предвид мерките кои се направени ќе видиме огромна разлика“, рече Виктор Велевски, Генерален Секретар на СДММ, отворајќи ја трибината.

Тој посочи дека “во 2016 година младинската невработеност изнесувала 49 проценти, а денес според податоци од Државниот завод за статистика, во последниот квартал стапката на невработеност кај младите е намалена на 35 проценти.

А со Оперативниот план за вработување од 2017 до 2019 година, опфатени се вкупно 9585 млади лица”.

На младинската трибина учествуваше и Игор Андреев, извршен директор на првиот бизнис акцелератор во Велес „Х Фактор“.

Тој посочи три стратешки промени кои се случија со доаѓањето на оваа власт. “Тоа се: голема поддршка на домашните компании, зајакнување на човечкиот капитал и вработување на младите во производството, фокус на ит професионалци, а во иднина порача дека треба да се зголеми поддршката на старт ап бизнисите и претприемнишвото”.

Тој истакна дека “Фондот за иновации конечно ја врши задачата која ја има и има вистинско место во државата, а тоа е поддршка за започнување на свои бизниси.

Тој ги повика младите луѓе да се охрабрат и да започнат свој бизнис посочувајќи го отворениот повик за Старт ап програмата во Фондот за иновации кој нуди помош од 30.000 евра и 15% учество.”

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он