ВИДЕО: СДСМ маршира за правда

Од:

Вечерва во Скопје започна „Маршот за правда“ во организација на владејачката СДСМ. Граѓанскиот марш започна пред Собранието, од каде насобраните граѓани предводени од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, членови на партијата и коалиционите партии носејќи транспаренти се упатија пред комплексот судови во Скопје, каде свое обраќање ќе има лидерот на партијата Зоран Заев.

Како што најавија од партијата, маршот под мотото „Чекориме за правда“ се одржува со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство. Токму затоа, како што рекоа од партијата, маршот завршува пред судот, што би претставувало симболика за правни разрешници и крај на криминалните дејствија во нашата држава.

Маршот следува откако вчера попладне пратениците го изгласаа Законот за јавно обвинителство, како и Законот за Совет на јавни обвинители.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО