(ВИДЕО) СДСМ Куманово ќе ги достави „бомбите“ до граѓаните

Од:

Општинската организација на СДСМ од Куманово од денеска ќе започне со активности со кои ќе ги запознае Кумановци со како што велат масовното и незаконско прислушкување од првите луѓе во државата.

Имено од денеска членовите на СДСМ ќе започнат со посети на повеќе од 15.000 домаќинства на територија на Општина Куманово, на кои ќе им достават флаери со дел од разговори кои што ги засегаат граѓаните.

kum sds (4)

-Праќаме јасна порака за обединување на сите граѓани на Куманово во борба против изопачената група на власт. Вистината за Македонија која претставува презентација и разобличување на грдото лице на режимот и целата тајфа која ужива во своето однесување, ќе биде уште поблиска до Кумановци-изјави претседателот на Општинската организација на СДСМ од Куманово, Мартин Костовски.

kum sds (7)

Од СДСМ од Куманово наведоа дека Македонија последниве неколку недели можеше да ги слушне бомбите и да биде згрозена од прислушкувањето кое што, според ние е по директива на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

kum sds (5)

-Слушнавме како се иживувале со Бошковски и Цаноски, дознавме за забеганоста на Ставревски кој секојдневно јавно не убедуваше дека Макеоднија е европски рај, а по телефон признава дека приходите се катастрофа, милионите за споменици „трагедија“, дека нема во државава за леб, а трошат за „чоколадо“-истакна Костовски.

kum sds (1)

Членовите на СДСМ Куманово сметаат дека врв на се, се изборните грабежи. Според нив власта крадела избирачки списоци, вршела притисок врз администрацијата, ги злоупотребувала субвенциите и социјално загрозените лице.

kum sds (6)

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Уапсен e маж под сомнение дека тој ја фрли бомбата во куќата на Здравко Чолиќ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Закана за поставена бомба во градското Собрание на Загреб: Томашевиќ нема да го доживее утрото

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија