(ВИДЕО) СДСМ Крушево: На денот на независноста најавуваме дека си ја враќаме државата назад

Од:

„Нека ни е честит денот на независноста и денот на ослободувањето на нашиот град Крушево.

Пред 72 години, нашите сограѓани-херои и револуционери како што се, Наум Наумовски Борче, Коча Миленку, Таќа Бербер, Мише Ефтим, Нико Доага ги дадоа своите животи за слободно и напредно Крушево.

Но денес, идеалите за кои се бореа нашите претци, веќе не постојат во нашиот град“, рече претседателот на ОО СДСМ Крушево Трајче Калески.

„Додека градоначалникот Ѓорѓи Дамчески од ВМРО-ДПМНЕ мисли само на бизнис зделките и елитната населба Вршник за која троши милиони евра народни пари, градот се празни, младите си заминуваат, а оние што останаа живеат тешко.

Дом за стари лица, тениски игралишта, индустриска развојна зона, спортска сала, се само мал дел од неостварените ветувања за Крушево и крушевчани.

Доста беше! Крушево заслужува подобар живот.

Денес, кога се присетуваме на жртвувањето на нашите херои, ја испраќаме следната порака: Заедно со граѓаните ја враќаме слободата и правдата во нашиот град, во нашата земја.

Сите ние заедно, граѓаните, сме новата сила на напредокот.

Заеднички да ја преземеме одговорноста за сопствената иднина, за иднината на нашите деца и на 11 декември да ја вратиме државата на граѓаните.

10 годишното владеење на Никола Груевски и неговите соработници завршува. Промените се случуваат, слободата доаѓа“, изјави Калески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски