(ВИДЕО) СДСМ: Крш амбуланта и писта до дупки на неслетаниот инвеститор

Од:

Амбулантата во Ранковцe се распаѓа. Жителите видно загрижени кажуваат дека во педесетите години од минатиот век имале поквалитетни здравствени услуги од сега. Со нив вчера разговараа претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов и претседателот на Комисијата за економија, Драган Тевдовски.

-Тогаш имавме дежурен лекар, а сега после 60 години немаме, реагираат жителите на Ранковце со години заборавени од централната власт.

Претседателот на Комисијата за економија, Тевдовски рече дека министерот Тодоров, експерт за тендерски политики во здравството ветува по 25 милиони евра како државна помош за странски инвеститори во слободните здравствени зони што ги најавуваат, a со 25 милиони евра можaт да се реконструираат и да се изградат многу вакви амбуланти каква што е потребна и за Ранковце.

6

-За лажниот мермер во Скопје 2014 потрошија 630 милиони евра, ваши пари. Само со една петина од тие пари ќе ги покриеа заостанатите долгови и обврски на јавните здравствени установи и немаше да мора пациенти кои крварат сами да одат да си купуваат завои и газа“, рече Наумов.

Во Ранковце не е само амбулантата проблем за жителите. Проблем се и лагите од наводните вработувања што ги разочаруваат младите луѓе кои си го напуштаат родното место.
Претставниците на СДСМ заедно со присутните граѓани се упатија кон празната ископана локација кадешто Груевски фрлаше лопати, сечеше ленти и лажеше за виртуелни 6.000 вработувања.

5

-Oд виртуелната инвестиција на Груевски, Веибо, остана само ископано земјоделско земјиште, асфалтирана писта за хеликоптерот на сопственикот кој никогаш не слета во Ранковце и асфалтираниот пат до виртуелната инвестиција за којшто сеуште има долгови кон изведувачите, коментираат граѓаните.

4

-Преку економски стабилни домашни претпријатија ќе ја вратиме економската стабилност на граѓаните, семејствата и државата. Ќе ја зголемиме државната помош за домашните претпријатија до 50 милиони евра. Ќе обезбедиме услови и за реални странски инвестиции, рече Наумов.

2

Жителите на Ранковце со кои се сретнаа претставниците на СДСМ дадода поддршка на истрајноста на СДСМ во ставот за фер и регуларни избори на коишто ќе одлучи слободната волја на граѓаните.

1

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено