(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Од:

Свиркачи до АКТ на СДСМ доставија нови докази, видео од криминалецот Симе, познат по сликите со Мицкоски. На видеото се гледа дека Симе пука со автоматска пушка (повторно) среде бел ден, го цитира Шешељ додека неговата група во позадина држи руско знаме. Ново скандалозното видео. Уште еднаш се потврдува дека Симе прави што сака, употребува огнено оружје, пука од автоматски пушки и ја загразува безбедноста, велат од СДСМ.

– Зошто ниту една институција не реагирала? Кој смее вака да се однесува и ова да го прави и воопшто да не се грижи дали ќе биде уапсен? Само оној што е директно поврзан со власта, оној којшто е заштитен од власта и работи за неа. Очигледно не е случајно тоа што Симе има албум со слики на Мицкоски. Молчи ВМРО, молчат институциите. Се бега од одговор каква е поврзаноста на Мицкоски и ВМРО со криминалецот Симе, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби