(ВИДЕО) СДСМ: Колку плаќаат граѓаните за платата на сопругата на Веле Самак?

Од:

„Случајот со вработувањето на сопругата на министерот за странски инвестиции Веле Самак во германската фирма во Велес е скандал.

Фирмата во којашто е вработена сопругата на Веле Самак е примател на државна помош во XXX евра од Владата, за создавање нови работни места.

Ова ХХХ евра буквално вака е наведено еве во овој документ што се однесува на германската фирма.

Сега, откако министерот за странски инвестиции Самак, си ја згрижил на висока позиција во странската фирма во Велес неговата сопруга, Самак и Груевски треба да им објаснат на граѓаните:

Какви и колкави привилегии им дава Владата на компаниите во земјава, што вработуваат сопруги и членови на семејствата на министрите.

Колку плаќаат граѓаните на Македонија за платата на сопругата на Веле Самак? Бараме Антикорупциската комисија итно да реагира за овој скандалозен случај“, изјави на денешната прес конференција, портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО