(ВИДЕО) СДСМ: Ќе одговарате за злосторството врз Скопското Кале!

Од:

На Скопското Кале во 2011 година, Никола Груевски, Паско Кузман, и нивниот коалиционен партнер Артан Груби, се обидоа да внесат раздор во меѓуетничките и меѓуверските односи во Македонија. Во 2013-та ветија дека ќе изградат решение кое што ќе го врати соживотот меѓу Македонците и Албанците. Ветија дека пред три години ќе бидат готови музеите на праисторискиот, средновековниот и на отоманскиот период, вели Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ.

Денес, пет години по инсценираната меѓуетничка пресметка, Скопското Кале не е знаменитост што го краси Скопје. Скопското Кале не е место со сувенирници, со современ пристап за сите туристи, за сите оние што сакаат да уживаат во културното наследство на градот Скопје.

Скопското Кале е место на запуштеност и на забранет пристап. Како што можете и сами да видите, Скопското Кале е обраснато во густа трева. Нема ни места за одмор, а на туристите им е ограничен пристапот дури и до набљудувачниците и кулите.

Ќе одговарате за злосторството што го направивте врз културното наследство со Скопското Кале!
Ќе одговарате за тоа што Скопското Кале го претворивте во симбол на лагата, негрижата и злоупотребата на културното наследство за партиски цели!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски