(ВИДЕО) СДСМ: Ќе има целосна ревизија на акцијата „Ден на дрвото“

Од:

„Тука, на местото позади мене имаше парк којшто беше целосно уништен за да се изгради уште една нова барокна зграда. Како што слушнавме од „бомбите“, на Груевски постоечките згради му биле грди, па сакал да го разубави просторот. Не му било важно што ќе уништи уште едно парче од зеленилото на загаденото Скопје, не му било важно ниту дали ќе изгуби гласачи, бидејќи, како што слушнавме, сметал дека повеќето секако немало да гласаат за него, па не му биле важни.

Така се однесуваат и Никола Груевски и Коце Трајановски, кон зеленилото и кон дрвјата во Скопје. Долга е листата на уништени паркови, исечени дрвореди низ Скопје.

Истовремено, трошат милионски суми за проектот „Ден на дрвото“ а тој не дава резултати. Според Македонски Шуми, досега биле платени повеќе од 64 милиони садници кои чинеле над 10 милиони евра а на терен нема никакви резултати. И покрај целата акција, и покрај потрошените пари, се уште Скопје, заедно со Тетово, Битола и Кичево се едни од најзагадените градови во Европа.

Единствената придобивка од оваа акција е што Груевски може да се слика со лопата во рака. додека безмилосно ги троши парите на граѓаните.

Како што предвидовме во нашиот План за живот во Македонија, ќе направиме комплетна ревизија на спроведување на акцијата „Ден на дрвото” од стручен и финансиски аспект. Ќе утврдиме на кои површини се спроведуваше акцијата, колку средства се потрошени и колкав е ефектот од пошумувањето.

Со Груевски нема напред. Затоа граѓаните на 11 декември ќе го казнат и ќе изберат живот во Македонија“, изјави Пеце Мирчевски, претседател на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ