(ВИДЕО) Трпески: И во 2015. луксузот на Коце е пред потребите на скопјани

Од:

„Овој Предлог – Буџет на градот Скопје за 2015. година го потврдува целосното застранување на политиката на градоначалникот Коце Трајановски. Продолжуваат политиките на раскош и луксуз, на градоначалникот Трајановски.

Во овој Предлог – Буџет за 2015 година иако е планиран пораст на капиталните расходи во однос на 2014 година, сепак треба да се потенцира дека тие се со катастрофално лоша структура. Само три ставки во делот на капиталните расходи како што се: изградба на катни гаражи Даме Груев (260.000.000 денари), реконструкција и изградба на тротоари, плоштади и фонтани (304.000.000 денари) и реконструкција и доградба на објекти – фасади (386.000.000 денари) изнесуваат скоро 1 милијарда денари  и се околу 50% од вкупните капитални расходи што градот Скопје планира да ги направи во 2015 година. За какви капитални инвестиции зборуваме“, вели Предраг Трпески, советник од СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“.

„Затоа пак, нема некои подрастични промени во средствата предвидени за локален економски развој, унапредување на енергетската ефикасност, јавната чистота, одржување и користење на паркови и зеленило, изградба и реконструкција на магистрални и собирни улици.

Ние од Сојузот за иднината на овој Предлог Буџет за 2015 година имаме поднесено вкупно 64 амандмани. Овие амандмани се однесуваат на следниве проекти:

–          Изградба на подземна сообраќајница – прва фаза;

–          Изградба на ново средно училиште во Аеродром;

–          Кофинансирање на проекти за енергетска ефикасност;

–          Изведба на гасификација на средни училишта ;

–          Расчистување на диви депонии;

–          Реконструкција на Музеј на Град Скопје;

–          Бесплатен превоз за студентите секој ден;

–          Изградба на подвозник на бул. Александар Македонски ( Гази Баба );

–          Бесплатни униформи за среднишколците;

–          Купување на комбе – возило за превоз на инвалидизирани лица;

–          Изградба на надвозник во продолжение на ул. Народни Херои за поврзување на Аеродром и Кисела Вода;

–          Противпожарна станица во Кисела Вода;

–          Енергетски – ефикасни средни училишта во gрадот и многу други проекти.

Почитувани граѓани на Скопје, Вие самите проценете дали овие проекти кои ние ги нудиме ќе го подобрат квалитетот на живеење и животниот стандард на Вас и Вашите деца“, изјави Предраг Трпески, советник.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он