(ВИДЕО) СДСМ: Граѓаните на Штип остро се спротивставија на продажбата на парцелите кадешто е паркот во населбата „8-ми ноември“

Од:

„Граѓаните на Штип остро се спротивставија на продажбата на парцелите кадешто е паркот во населбата 8-ми ноември. Граѓаните сакаат зеленило а планот на градоначалникот Захариев и на ВМРО-ДПМНЕ е на местото на паркот да никнат комерцијални и деловни објекти.

За ВМРО-ДПМНЕ и Илчо Захариев не е важно што мислат граѓаните. Деновиве распишаа втор оглас за продажба на урбанистичките парцели кадешто е паркот во оваа населба“, рече Македонка Николовска, советник од СДСМ и коалициските партнери Штип.

„Најголемите парцели од паркот (КП 4413/4 и КП4413/5) се продадени уште при првото надавање и веќе се во сопственост на познат штипски бизнисмен.

Вториот оглас за јавно надавање за продажба на парцелата заведна со број КП 4413/3 што е распишан од страна на општина Штип отвара неколку сериозни прашања и сомнеж за незаконско постапување.

Оваа парцела во првиот оглас била со квадратура од 395 м2. Но, во новиот, втор оглас, локалната власт ја зголемила нејзината површина повеќе од двојно и сега изнесува 878 м2.

За зголемување на површината на парцелите потребна е Одлука на Советот на Штип за промена на Деталниот урбанистички план, од 1990 година.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев, треба јавно да одговори пред граѓаните на Штип:

– Врз основа на која одлука е зголемена површината на оваа парцела, дел од паркот во населбата 8-ми ноември?

– Дали покрај маркицата за градба која е одобрена со одлуката за усвојување на ДУП од 1990 година, и изнесува 395 м2, во парцелата која се продава е впишано цела урбанистичка парцела со дворно место кое изнесува 878 м2?

Градоначалникот на општина Штип нема право без одлука на Совет да врши промена на градежните парцели (било по форма, било по квадратура) и да врши упад во урбанистичко планската документација на градот.

Законите мора да важат за сите.

Очигледно зад ваквото однесување на градоначалникот на Штип се крие заштитата на бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ, на штета на граѓаните“, изјави Македонка Николовска.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби