(ВИДЕО) СДСМ: Градоначалниците и советниците влегуваат во противзаконски дела

Од:

„Незаконски и недозволиво е насилно да се носат детални урбанистички планови на штета на граѓаните, во време кога градоначалниците и општините вршат само техничка функција!

Посебно нагласуваме дека, во услови на техничко функционирање на општините, советниците и градоначалниците не смеат да распишуваат тендери!

Примерот во Општина Аеродром, каде градоначалникот Ивица Конески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ за тендер интереси, без согласност од граѓаните, по итна постапка, изменија детален урбанистички план, е класичен доказ за работење спротивно на законот.

Согласно Законот за локална самоуправа, мандатот на сите членови на советите на општините и на сите градоначалници е 4 години и е веќе истечен!

Советите и градоначалниците, во периодот што следи, своите надлежности мора да ги извршуваат исклучиво технички, со цел да се даваат услугите кои им се потребни на граѓаните.

Советниците и градоначалниците исто така не смеат да ги задолжуваат општините, односно граѓаните! И не смеат да почнуваат инфраструктурни објекти за да се додворуваат на граѓаните во пресрет на локалните избори!

Укажуваме дека ќе има одговорност за сите последици од противзаконското и несовесно работење на градоначалниците и на советниците врз засегнатите граѓани. Предвидени се сериозни казни за сите лица кои вршат какви било активности без овластување, во време на истечен мандат!

Исто така, потенцираме дека е неопходно веднаш да се одблокира работата на Собранието за да изберат новиот собраниски претседател и новата Влада и да се создадат услови да се закажат локалните избори.

Локалните избори требаше да се одржат најдоцна до 15 мај, но поради тоа што Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на Парламентот, изборите нема услови да одржат во предвидениот законски рок.

После тој рок, целосно прекинува мандатот на градоначалниците и советниците, со што тие губат секакво право на раководење со општините. Општините ќе останат обезглавени, а последиците ќе паднат врз граѓаните кои не ќе може да ги реализираат своите потреби.

Затоа, ќе ја реализираме мнозинската волја на граѓаните според Деловникот, Уставот и законите и ќе има и нова Влада и датум за нови локални избори.

И како што граѓаните избраа промени на централно ниво, бидејки сакаат совесни политичари кои ќе се грижат за нив, ќе има промени и на локално ниво. Граѓаните во општините ќе добијат нови одговорни совети и градоначалници, кои ќе се посветат на квалитетот на живот на сите граѓани, на целата територија на Република Македонија“, изјави Дејан Павлески, претседател на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ