(ВИДЕО) СДСМ го одбележа Денот на конечното ослободување на Прилеп

Од:

Младите социјалдемократи од Прилеп, заедно со граѓаните, го одбележуваме 3-ти ноември, Денот на конечното ослободување на нашиот град – херој. Преку повеќе средби со граѓаните, заеднички разговор и дружење, споделуваме впечатоци за нашиот град, неговото минато и иднината, вели Валентин Божиновски од СДММ.

Со топол пијалок симболично се присетуваме на солидарноста и топлината во срцата по конечното ослободување.

Прилеп секогаш бил еден од првите градови, каде што желбата и поривот за слобода бил поголем од угнетувањата, ропството и репресијата. Прилеп е градот кој на 3-ти ноември 1944 година,благодарејќи на борците од НОБ, се избори за конечна слобода.

Со денешново заедничко дружење, го одбележуваме ослободувањето на нашиот град. Воедно, продолжуваме со одбележување на 23-от роденден на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ).

Во претстојната Недела на социјалдемократија, под мотото 23 години – опција за младите, на директен начин ќе ја покажеме целта за постоењто на СДММ.
Преку голем број на активности, со хуманост, солидарност, толеранција, спорт, ќе се заложиме и ќе ги промовираме вистинските, нормални вредности во нашето општество.

Демократските придобивки, кои длабоко се вкоренети во СДММ, со сите сили ќе се обидеме да ги зачуваме.

10733996_594845630643615_6005656610630265292_n

10676142_594846037310241_7733717079414205723_n

10632751_594852330642945_2789904976356281474_n

10584104_594845723976939_1873409443397644007_n

10405318_594845673976944_8757625464345816545_n

1385546_594845780643600_3322467891398488567_n

9455_594852400642938_546660441856669490_n

7105_594852430642935_2909563054734057296_n

7105_594852430642935_2909563054734057296_n (1)

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда