(ВИДЕО) СДСМ Гевгелија: Советник е тепан од режимската рака на Груевски

Од:

“ Република Македонија од понеделникот 24 декември не е тоа што беше. Не е тоа што треба да биде. Во понеделникот во Скопје режимската рака на Груевски и ДПМНЕ, покрај се друго, тепаше и со сила од собраниската сала исфрли пратеник биран од граѓаните на Гевгелија. Во понеделникот режимската рака на диктаторот Груевски преку неговите пара-полициски и пара-партиски вооружени сили, преку заштитните огради поставени пред Собранието, со сила киднапираа и со тепање, извлече и во непознат правец одведе наш колега советник, наш сопартиец и сограѓанин кој заедно со илјадници други граѓани на мирен начин протестираше, со цел да каже дека мисли поинаку од власта“, со овие зборови од говорницата пред општинската сала за состаноци на отворен прес за медиумите, за кој општинските власти не дозволија пристап на новинари, се обрати Наташа Минова, член на Советот на општина Гевгелија од редовите на СДСМ објавувајки дека тие ја напуштаат работата на Советот на општина Гевгелија.

Повод за таквиот чин велат е одбивањето на советничкото мнозинство од редовите на ДПМНЕ и коалиционите партнери да се дополни денешната седница со уште една точка на дневен ред: “ Расправа за последните немили случувања во Собранието на РМ при носењето на Буџетот за 2013 и предлог заклучок за осуда на истите“.

Советничкото мнозинство го одби предлогот.Обезбедувањето по налог на општинските власти одби да ја пропушти новинарската екипа да го проследи закажаниот прес на опозиционите локални советници.

Од видеото кое го снимиле самите советници се гледа дека советниците сами ја поставиле камерата со цел да се послужат со современите средства за јавно комуницирање преку електронските медиуми, интернет портали и социјалните мрежи за да ја објават веста која што, велат, власта сакаше да ја сокрие од јавноста .

„Ова е резултат на максимално контаминираниот и ограничен од власта медиумски простор, како во државата, така и во Гевгелија“, беше речено на импровизираната прес конференција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?