(ВИДЕО) СДСМ Гевгелија: Поддршката од граѓаните е најсилниот мотив да продолжиме во битката за подобра Македонија

Од:

„Сакам да ви се заблагодарам за масовното присуство на трибината одржана на 27.10.2015 година, како дел од проектот ,,Визијата за Македонија’’.

Во проектот насловен ,,Вистината за Македонија’’ целосно ја разобличивме власта на ДПМНЕ. Маските на власта паднаа и можевме да се увериме во крајно коруптивниот, недемократскиот и целосно нечовечкиот начин на владеење на оваа власт. Сега ја претставуваме ,,Визијата за Македонија’’. Македонија заслужува подобро и Македонија може подобро.

,,Визијата за Македонија’’ е платформа во која СДСМ нуди отворена можност за сите граѓани активно да се вклучат во создавањето на политичката програма на новата власт и со тоа директно да се вклучат во процесот на креирање политики и донесување одлуки. Проектот насловен ,,Визијата за Македонија’’ пред себе си поставува како главна цел да го врати достоинството на граѓаните, на институциите и на државата; да ја врати моќната и стабилна средна класа; да создаде општество на слободни и еднакви граѓани и да ја модернизира и европеизира Република Македонија.

На трибината одржана во Гевгелија свои излагања имаа заменик претседателот на СДСМ Радмила Шеќеринска, претседателот на Комисијата за одбрана на СДСМ Максим Димитриевски, претседателката на Комисијата за европски прашања и на Националниот совет за евроинтеграции Лидија Димова и пратеникот од четвртата изборна единица Сашо Поцков. На трибината беше изложена визијата за европска Македонија- за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, а не изолирана земја налик на Белорусија. Со ова СДСМ уште еднаш се потврдува како партија посветена на евроатлантските интеграции која се залага за побрз напредок на Македонија кон семејството на европските народи. Покрај гореспоменатите излагачи на трибината, со свои предлози, коментари и прашања се вклучија и граѓаните- и во оваа прилика особено сакам да им се заблагодарам на сите оние кои на овој начин придонесоа да имаме една жива и отворена дискусија за проблемите кои не’ мачат сите нас. СДСМ и понатаму останува посветена на дијалогот со граѓаните и е отворена за сите оние кои сакаат активно да се вклучат во работата за подобра Македонија.

Масовното присуство и интересот на граѓаните не’ охрабрува во нашата битка за слободна, демократска и просперитетна Македонија. Се соочуваме со големи опструкции од власта која се плаши од фер и слободни избори, од независни институции, од примената на законите и од Специјалниот јавен обвинител. Но, поддршката од граѓаните е нашиот најсилен мотив да продолжиме докрај во оваа наша и ваша битка за подобра Македонија“, велат од СДСМ Гевгелија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација