(ВИДЕО) СДСМ: Директорката Николовска од Ранковце ги вработила своите двајца браќа, снаа од брат и сопруг

Од:

„Непотизмот и семејните и фамилијарни метастази на оваа власт на ВМРО ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, ги има низ цела Македонија. Скандалите поврзани со разрешената директорка на ОУ Христијан Тодоровски Карпош од Општина Ранковце немаат крај. Денеска објавуваме класичен скандал на непотизам каков што не постои во ниедна друга земја во светот.

– Имено, лицето Слаѓана Николовска – поранешен директор на ОУ Христијан Тодоровски Карпош, во 2008 година како директор потпишува договор за вработување со својот роден брат Горан Стојчевски како професор на неопределено време со полно работно време.

– Понатаму, лицето Слаѓана Николовска, на ден 11.11.2011 година како директор потпишува договор за вработување со својот друг роден брат Орце Стојчевски како професор на неопределено време со полно работно време“, вели Емилијан Поповски, координаторот на советничката група на Општина Ранковце.

Би можело да ве интересира

Реакција на Стопанска банка АД Битола во врска со прес-конференцијата на СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Банкарот на Вучиќ стана банкар и на Мицкоски

(ВИДЕО) Лефков: Филипче е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажни вести за политичко поентирање

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба