(ВИДЕО) СДСМ: Девет години имавте можност да изградите модерна европска држава но ништо од тоа не направивте

Од:

СДСМ од Струмица реагира на барањето како што рекоа од ВМРО ДПМНЕ затскриени зад група граѓани за нереализираната велосипедска патека во Струмица.

Општинската организација на СДСМ е згрозена од дезориентираното и манипулативно однесување на ВМРО ДПМНЕ во целата држава, а посебно во општина Струмица. Очигледно разоткривањето на нивните криминали, манипулации и се поблискиот крај на нивното владеење, предизвика паника во нивните редови, па дури и нивното прикривање зад некакви си групи на граѓани, не знаат да го направат како што треба, туку секојдневно на јавноста и приредуваат смешни епизоди од нивната трагикомична теренска сапуница, вели Костадин Костадинов, член на Советот на општина Струмица од СДСМ.

Испразнетиот камп, насила организираните група граѓани кои се принудени белото да го прават црно во Струмица, измислени и од нив организирани ситуации на „наводни“ депонии, презентирање на фотографии од поодминат период, се само дел од неуспешните обиди за дискредитација на градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица.

Ваквото скандалозно однесување на ВМРО ДПМНЕ, кулминираше вчера, во индустриската зона „Сачево“ кога неговите советници го допреа дното со дрското и нецивилизациското однесување и тоа само поради едно прашање од граѓанска активистка…а што е со плацевите на Груевски на Водно?

Замислете само поради едно, единствено прашање, советникот со титула доктор на науки, Душан Спасов кине лист, а советничката Зулијана Иванова, без око да и трепне, се заканува јавно и тоа пред медиумите. Можете да замислите како изгледаат заканите на членовите на ВМРО ДПМНЕ надвор од очите на јавноста, иако веќе и тоа го слушнавме …влечење за уши, фрлање во ендек.

Но тоа е вистинското лице на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски, кое ни популизмот од невидени размери на овие простори не успеа да го покрие. Целосно се разоткриени и незнаат веќе што прават.

Еве неколку предлози од нас до господата од ВМРО ДПМНЕ:

-Бидејќи не успеавте да го привлечете вниманието досега со измислените состојби, Ви предлагаме вашата теренска сапуница да ја продолжите до технолошката зона во Свидовица и да ни кажете, зошто не е завршена, од таму до новиот театар, зошто не е завршен, па продолжете по откупните пунктови и нивите да видите како скапува земјоделскиот род и да му ги пренесете впечатоците на Вашиот лидер како и каде завршува неговата популистичка политика?

Прошетајте и меѓу граѓаните, да слушнете како преживуваат, а може и пикник да си организирате во некое од се поиспразнетите населени места, а бидејќи парите не се проблем за Вас, може да ги посетите и младите кои заминаа на печалба по туѓите земји.
Но, доста Ви се предлози од нас.

Девет години имавте можност да изградите модерна европска држава, да создадете пристоен живот, да овозможите светла иднина за младите. Но, ништо од тоа не направивте.

Време е конечно да си заминете!

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД