(Видео) СДСМ: Бизнис фонд од 14 милиони евра за домашни бизнис проекти

Од:

Македонија има најниски инвестиции на приватниот сектор во целиот регион на Југоисточна Европа во периодот 2006-2013 година. Просечните инвестиции во основни средства на приватниот сектор во земјава изнесуваат 15,9% од БДП во последните седум години, вели Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

Ова е убедливо најслаб резултат во регионот. На пример, во Албанија изнесуваат 22,6% од БДП, а во Бугарија 21,5% од БДП. Дури и Косово и Босна и Херцеговина имаат повисоки нивоа на инвестиции од Македонија.

Проблемот кај нас е што актуелната власт се обидува да ги поттикне само инвестициите на странски компании, а ги заборави домашните.

На големите странски компании им се даваат огромни даночни олеснувања и директна државна подршка за инвестиции во зоните. За нив се прават роудшоуа на Груевски и неговите министри, скапи реклами и се праќаат економски промотори по светот. A, власта никогаш досега не го објави износот на овие трошоци, за кои се потрошени тони народни пари.

Инвестициите на домашните претпријатија имаат многу поголема вредност за целокупната економија за разлика од инвестициите во зоните. Освен тоа, за нивно привлекување не се потребни никакви скапи роудшоуа. Нема оправдување зошто актуелната власт има целосно дискриминаторски однос кон домашните претпријатија.

СДСМ ќе води активна политика за поттикнување на инвестициите на домашните мали и средни претпријатија. Денес ќе објавиме три од планираните мерки за подршка:

1. Формирање “Македонски бизнис фонд” што ќе има за цел да ги подржува инвестициите на малите и средните претпријатија во земјава. Фондот ќе обезбедува соодветни финансиски решенија за развој на домашни бизнис проекти. Почетната големина на овој фонд ќе изнесува 14 милиони евра. И тој дополнително ќе биде ангажиран за реализирање на разни фондови на ЕУ за технолошки развој и иновации, што сега стојат неискористени.
2. Воведување на “Кредитен правобранител”, што треба да го подобри дијалогот помеѓу малите и средни претпријатија и кредитните институции. Кредитниот правобранител треба да обезбеди фер и праведен однос на кредитните институции кон малите и средни претпријатија, коишто за разлика од големите претпријатија, немаат правни и други служби за заштита на своите интереси.
3. Поддршка за “Кооперанти”: Секое мало и средно претпријатие кое што ќе сака да инвестира во бизнис со странска компанија од зоните, ќе може да конкурира за заем од Македонскиот бизнис фонд во висина до 100 илјади евра. Заемот ќе биде под исклучително поволни услови: 1% каматна стапка и 1 година грејс период.

Во наредниот период ќе продолжиме со промовирање на останатите мерки за потикнување на инвестициите на домашните претпријатија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да прифати затворена седница на Собрание, да каже каков е планот за евроинтеграциите

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Николовски нема ниту еден нов започнат проект во првите 100 дена Влада

Предраг Петровиќ

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски

Лефков: Владата на СДС и ДУИ вршела исплати кон добавувачи за проекти без целосни информации дали средствата се искористени за намената која требало

Катерина Ѓуровски