(ВИДЕО) СДСМ Битола: ВМРО-ДПМНЕ ги делите граѓаните на нивни и неподобни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ сака клиничката болница „Д-р Труфун Пановски“ во Битола да ја претвори во општа болница, обвинува Гоце Чакаровски, член на централниот одбор на СДСМ.

-Во оваа болница работат преку 150 волонтери, со редовен работен однос за минимални примања од 4500 денари. Работат преку 50 сестри со завршен медицински факултет, а истиот не им е признат. Работат преку 180 специјалисти со ниски плати. Објаснете им на граѓаните, зошто подолго време на работи 64 – слојниот комјутеризиран томограф, зошто пацинетките за снимање на јајцеводите и матката се испраќаат во Прилеп- рече Чакаровски.

Тој тврди дека во наредните 5 години повеќе од 80 лекари од оваа Клиничка болница ќе заминат во пензија, а на повидок немало вработувања и специјализации.

-Навистина има разлика, вие сакате оваа престижна Клиничка болница да ја претворите во општа. Има разлика, вие ветувате, но не исполнувате. Пред 4 години ме повика вашиот министер да ме награди, но кога слушна дека сум член на СДСМ, ја отповика таа покана. Има разлика, вие ги делите граѓаните на Република Македонија на ваши и неподобни – додаде Гоце Чакаровски од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?