(ВИДЕО) СДСМ: Битката со ракот на дојката не смее да им се препушти само на жените

Од:

„Ракот на дојката е еден од најчестите малигни заболувања што се јавува кај женската популација, и во просек се јавува кај една од девет жени. Доколку навремено се открие може успешно и да се лекува. Затоа превенцијата е од круцијално значење, и затоа ги охрабруваме сите жени, особено оние кои спаѓаат во ризични категории да прават редовни контроли и прегледи кај своите лекари и да се придржуваат кон советите на лекарите.

Жените заболени од рак не смееме да ги оставиме сами на себе. Тие ја заслужуваат целата општествена поддржка во нивната битка и заслужуваат квалитетни здравствени услуги кои ќе водат кон успешно лекување или кон ублажување од последиците од оваа болест.

Иако оваа болест е многу честа, сепак многу малку се знае за причините и последиците од ова заболување. Затоа мора континуирано да работиме на подигање на свеста за ова заболување, како и за сите други малигни заболувања.

Сите заедно сплотени можеме да помогнеме и во превенирање и во лекување на ракот на дојката. Битката со ракот на дојката не смее да им се препушти единствено на жените. Во таа битка треба да се вклучи целото општество. Само така ќе се справиме со предизвиците на оваа болест“, изјави Билјана Додева, членка на Комисијата за здравство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство

СДСМ: ЗНАМ го прослави предавството на Македонија за пари

Горан Наумовски