(ВИДЕО) СДСМ: Антикорупциска да испита судир на интереси и можна корупција во случајот Самак

Од:

„Бидејќи Антикорупциската комисија, како и секогаш кога се работи за власта молчи, СДСМ поднесе претставка за вработувањето на сопругата на министерот за странски инвестиции Веле Самак, во странската фирма во Велес.

Бараме Антикорупциската комисија да поведе постапка за утврдување постоење судир на интереси и постоење корупција.

Министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Веле Самак е тој кој го потпишал договорот со странската фирма.

Токму сопругата на Самак е вработена на висока раководна позиција во фабриката на оваа фирма во Велес.

Со ова основано се сомневаме дека Веле Самак го прекршил Законот за спречување судир на интереси“, рече Шилегов.

„Дополнително се отвора прашањето:

Дали можеби странската фирма била условена од страна на министерот Самак, со вработувањето на неговата сопруга?

Го покажавме на јавноста документот според којшто токму на оваа странска фирма Владата на Република Македонија и доделила државна помош.

Владата е застапувана од страна на министерот Веле Самак.

Бараме Антикорупциската комисија да ги испита овие основи на сомневање за постоење корупција.

Бидејќи се работи за пари на граѓаните на Република Македонија, тие имаат право да знаат кого `се со нивни пари финансираат министерот Самак и Владата на Никола Груевски и дали е тоа незаконски“, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски