(ВИДЕО) СДСМ: 40 милиони европски пари не дошле до земјоделците, еве зошто

Од:

Во Европскиот Извештај е забележано дека само во 2013 година, сме можеле, но не сме искористиле 11.5 милиони евра, наменети за земјоделство и рурален развој, рече Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Овие изгубени пари ви го намалуваат животниот стандард а тоа се одразува и на стандардот на сите граѓани во Македонија. Ако задача на секоја влада е да го подобрува животниот стандард и да обезбеди развој и благосостојба, зошто оваа влада не го прави тоа?

Можете ли почитувани земјоделци да претпоставите колку складишни капацитети за чување на овошје и зеленчук можевте да направите со овие пари. Или, колку фабрики за преработка на земјоделски производи можеа да се изградат. Или, колку хектари повеќе годишни насади можеа да се модернизираат според европските стандарди. Или, на колкави површини можеше да се постават современи системи за наводнување.

На прашањето – зошто во европскиот извештај е искритикувана Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството дека неефикасно управува со парите наменети од ИПАРД програма, нашето објаснување е следно:

За 5 години, преку објавени 9 повици, земјоделците во Македонија можеле да дојдат до 40 милиони евра, пари од европската ИПАРД програма. Знаете колку се искорстени? Не повеќе од 2 милиона евра!

На објавените повици, се јавиле корисници, потпишале договори. Но пари не земале. Затоа што институциите во земјава доцна утврдиле дека имаат направено пропусти, дека не се усогласени критериумите и условите за доделување помош од ЕУ.

Документацијата што треба да се пополни при аплицирање е обемна, а институциите во земјава или не можат да ја издадат, или од непознавање или други причини, не можат соодветно да им помогнат на заинтересираните граѓани.

Последиците паѓаат врз грбот на луѓето кои ги потпишале договорите. Тие земале кредити, за да го реализираат договорениот проект, а не само што не добиле пари, туку плаќаат и камати за подигнатите кредити. Потоа ги тужат институциите, се влечкаат по судови и прават дополнителни трошоци. Оваа несигурност што им ја прават институциите на земјоделците, доведува до тоа тие да се плашат да аплицираат.

ИПАРД програмата е повеќе намемета за претпријатија, а власта не им помага на индивидуалните земјоделци како да се организираат и да понудат квалитетен проект.

Почитувани земјоделци, во извештајот се нагласува дека кадровскиот капацитет на дел од институциите е недоволен и тој е резултат на идентификување на владеачката партија со државната администрација а не е резултат на вистински државни земјоделски политики.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија