(ВИДЕО) СДСМ: 10 милиони евра годишно за изградба и санација на системите за наводнување

Од:

„Се наоѓаме на хидроакумулацијата Калиманци од кадешто населените места се снабдуваат со питка вода, а кочанското поле со вода за наводнување на земјоделските површини.

Состојбата е алармантна, носечките канали и левиот наводнителен канал на оваа хидроакумулација работат со намален капацитет. Дотур на вода до Зрновци има од левиот канал, но до земјоделските површини кадешто е најпотребна, ja нема веќе 10 години.

Затоа потребно е да се направи целосна реконструкција на левиот канал.

Водата истекува од браната, но попатно се губи.

Граѓаните, земјоделците и оризопроизводителите се жалат дека немаат доволно вода за наводнување на земјоделските површини.

Голем дел од нив, како што велат повеќе не се занимаваат со обработка на оваа плодна и квалитетна почва и си заминуваат од овој крај во потрага по друга работа и нормални услови за живот.

СДСМ има сериозен пристап и план за решавање на овој проблем. Запуштените канали ќе бидат реконструирани, а ќе бидат изградени и нови.

После 11-ти декември, преку одговорни политики во земјоделството секоја година ќе се одвојуваат 10 милиони евра од земјоделскиот буџет за санација на постоечките и изградба на нови системи за наводнување и одводнување.

За таа цел ќе извршиме целосна анализа и снимање на актуелната состојба на постојните хидросистеми и изработка на проектна документација за реконтрукција“, изјави Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Барам итни оставки од министерот за внатрешни работи и министерот за здравство, како и од директорот Стојанче Ангелов

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски